Дома Луд Спорт Виталиј ја објави целосната снимка од „акцијата“ на Волански на финалето од ЛШ (видео)

Виталиј ја објави целосната снимка од „акцијата“ на Волански на финалето од ЛШ (видео)

Кински Волански дефинитивно ги доби своите пет минути слава и ја прослави страницата од нејзиниот дечко, Виталиј Здороветски, обезбедувајќи си рекламна вредност од околу 5 милиони долари, со тоа што на кратко се растрча разголена на финалниот дуел од Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Тотенхем.

А сега на интернет Виталиј го објави целосното видео на кое се прикажува како успеа во својот потфат фаталната и бомбастична Волански.

Кински на финалето носела црн фустан така скроен да може многу лесно да се соблече. Виталиј, пак, се преправил во постар човек за да може да влезе на трибините од стадионот, бидејќи како „јутјубер“ познат по своите лудории и влетувања на терените, има забрана за влез на сите поголеми спортски настани.

На снимката Виталиј открива дека тие двајца имале план Б во случај Кинси да не успее да дојде до теренот. Планот Б бил самиот тој. „Јас сум на црна листа и мислам дека не можам да го направам ова, но сум резерва во случај таа да не успее“, вели Здороветски, додавајќи дека не се сомнева оти за неговата девојка сè ќе помине според планот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Погледнете како изгледа авионот од 66 милиони фунти на Абрамович (ФОТО)

Сопственикот на Челзи, рускиот бизнисмен Роман Абрамович поседува импресивен авионски парк…