Украина повеќе од 15 месеци е под агресија од Русија, па голем број сегашни и поранешни спортисти даваат свое мислење за однесувањето на познатите личности на таа тема.
Сега во јавноста се огласи поранешниот репрезентативец на оваа земја, Роман Зозула кој денес игра во Шпанија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во текот на вчерашниот реванш од полуфиналето помеѓу Интер и Милан, Андреј Шевченко натпреварот го гледаше во друштво на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Зозула смета дека Шевченко како Украинец не смеел да дозволи да седи до Ѓоковиќ.
„Ако некогаш наш амбасадор биде повикан на некоја манифестација мора да внимава со кого оди и до кого седи поради својата земја. Не можам да сфатам како наш амбасадор може да биде во близина на некое лице кое има изразити проруски ставови.
Дали Швеченко знаеше до кого седеше на натпреварот во Милано? Вистински Украинец никогаш нема да седне до тоа го*но, тој и неговиот татко благо кажано имаат активни русофилски ставови“, порача Зозула преку својот Инстаграм профил.