Виктор Ангелов, македонскиот фудбалер кој настапува за Волунтари е еден од фудбалерите кои беа дел од генерацијата до 21 година која предводена од Благоја Милевски се пласираше на Еуро 2017 во Полска.
Ангелов во разговорот со романските медиуми порача дека очекува победа на Македонија со гол на Барди.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Македонија е без Пандев, тој беше нашиот лидер и најдобар фуидбалер во последната деценија и тоа е најголемата разлика во однос на мечот во Букурешт. Но, добро го познавам селекторот Милевски соработував со него во младинската репрезентација. Сигурно е еден од најдобрите тренери во Македонија, сака да игра офанзивно и со многу додавања, со пресинг и не се плаши од никого. Од него многу научив и знам дека Македонија ќе напредува“.
„Тимот е силен, пред се тука се Барди и Елмас, Велковски во одбраната…Ќе победиме 1:0 со гол на Барди“, изјави Ангелов.