Дома Тикет на денот Викенд понуда за обложување!

Викенд понуда за обложување!

Нашата редакција во соработка со специјализираниот портал за обложување „Kladenje.mk“ ќе ви помага при изборот на натпревари како и понуда на најдобрите коефициенти.

Зулте Варагем – Остенде

Ова не е дерби натпревар, особено не е најпривлечен за следење ова коло во кое играат Бриж – Стандард Лиеж, во едно од најголемите дербија во Белгија. Но, ова е меч помеѓу две екипи кои секогаш меѓусебе играат извонредни натпревари со еден куп голови и на двете страни. Најинтересно на овој меч, е да се погледне во традицијата. Имено, од 2016 година па досега овие две екипи одиграле 13 меѓусебни натпревари во сите конкуренции: лига, куп и пријателски средби. Сите 13 мечеви завршиле со голови и на двете страни, а многу често паѓале и повеќе од по два гола. Поради тоа нашиот предлог е ГГ, а тоа може да го изиграте во 1xBet со коефициент 1.50.

Атлетико Мадрид – Атлетик Билбао


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Откако Атлетико Мадрид имаше одличен почеток во Ла Лига, тие сега навлегоа во реми серија и во последните пет натпревари имаат победено само еднаш. Меѓутоа, сега на гости им доаѓа омилената „жртва“. Имено, „јорганџиите“ победиле на  девет од последните десет домашни мечеви против. Веруваме дека традицијата ќе продолжи, а и квалитетот е на страната на домаќините, па нашиот предлог е Тип 1. Тоа може да го изиграте во 1xBet со коефициент 1.80.

Рома – Милан

Рома оваа сезона игра „топло-ладно“ и моментално се наоѓа на 6-то место на табелата. Целта на „волчицата“ е пласман во Топ 4, па поради тоа нема право на кикс на овој меч. Голем хендикеп ќе биде отсуството на дури осум повредени фудбалери. Милан катастрофално ја отвори сезоната, направи тренерска смена, а минатото коло несреќни остана без трите бода. Ова за нив е клучен натпревар за приклучок за горниот дел од табелата. „Росонерите“ гледаат шанса поради многуте повреди кај противникот и знаат дека овој меч може да биде пресврт на сезоната. Дуел на два тима кои традиционално играат со многу голови, па веруваме дека така ќе биде и овој пат. Нашиот предлог е ГГ, а тоа може да го изиграте во 1xBet со коефициент 1.64

Фиорентина – Лацио

Фиорентина после лошиот старт заигра подобро и моментално се наоѓа во добра форма. Се искачи на 9-то место на табелата и нема пораз на последните пет меча. Домашниот терен сигурно ќе биде голема предност за „виолетовите“ како и фактот што ќе имаат поголем одмор за овој меч. Лацио оваа сезона не остварува резултати според планираното, а на овој меч доаѓа после тешкото гостување кај Селтик. Тимот е сигурно повеќе изморен и нема голема самодоверба, па тоа ќе биде голем хендикеп. Дуел на два тима кои играат отворен фудбал, па веруваме дека ќе има голови на двете страни. Нашиот предлог е ГГ, а тоа може да го изиграте во 1xBet со коефициент 1.62

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

„Бомба“: Серхио Рамос во Премиер лигата

Легендарниот дефанзивец Серхио Рамос би можел кариерата да ја продолжи во Премиер лигата. …