Вчера во Серија А се играа натпревари од 36. коло, а на еден од тие дуели беше испиша и историја.
Станува збор за натпреварот помеѓу Болоња и Џенова кој заврши со победа на Џенова од 0:2. Но, не е резултатот по тоа што ќе се памети овој натпревар. Во составот на домаќините настапи најмладиот играч во историјата на италијанската Серија А.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Во 89. минута од натпреварот Синиша Михајловиќ на теренот го пушти Виздом Амеј на местото на Роберто Соријано. Така Амеј со 15 години и 274 дена стана најмладиот играч кој заиграл во Серија А.
Претходно рекордот го држеа Амедео Амадеи (Рома 1937) и Пјетро Пелегри (Џенова 2016) кој кога настапија во Серија А беа шест дена постари од Амеј.