Немања Видиќ го прекин постот од седум години за српските медиуми и конечно зборуваше и тоа за познатиот српски медиуми „b92.net“.
Видиќ е фудбалер кој во својата кариера настапувал со и против најголемите европски ѕвезди, па во интервјуто за српскиот медиум откри навистина интересни детали.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Помеѓу другото Видиќ зборуваше за тоа како е да се тренира со најдобрите светски фудбалери и дека токму тоа му помогнало во големите натпревари.
„После тренинзите со Роналдо, Луис Саха, Вејн Руни и останатите сигурно дека многу ми беше полесно да излезам на теренот, ние бевме исклучително силен тим, а тоа беше така зошто дававме се од себе и на тренинзите“.
„Моја желба од секогаш беше да се бранам и да одземам топки на противничките фудбалери, кога мојот тим нема да прими погодок, тогаш знам дека добро сум си ја завршил работата. Едноставно уживав играјќи во одбраната.“
Легендата на Манчестер Јунајтед откри и интересни детали од својот приватен живот.
„После еден натпревар, мојата мајка во ме запраша: Добро, до кога ќе ја ставаш главата, таму каде што некој не ја става ниту ногата?, но фудбалот тоа го бара од тебе, мојата позиција беше исполнета со такви дуели, во тие моменти едноставно не размислуваш за евентуалните последици“, изјави Видиќ за „b92.net“
Комплетното интервју на Видиќ можете да го погледнете ТУКА!