Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на Јувентус е на добар пат да донесе три големи засилувања во Торино.
Имено, италијанскиот шампион следната сезона ќе игра во формација 4-3-2-1 наместо досегашните 4-2-3-1 или 3-5-2.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како главни мети во летниот преоден рок на италијанскиот шампион се Федерико Бернардески од Фиорентина, Блас Матуиди од ПСЖ и Данило од Реал Мадрид.
Овие три засилувања се блиску до трансфер во Торино и треба да бидат во стартните 11, а Алегри е спремен да ја прилагоди формацијата токму према нив.
Данило би требало да го заземе местото на Дани Алвеш, додека Матуиди да го комплетира средниот ред заедно со Пјаниќ и Кедира.
Федерико Бернардески ќе го истисне Манџукиќ и заедно со Дибала ќе дејствуваат позади Игуаин.
Еве како ќе изгледа Јувентус со новите засилувања
Буфон
Данило, Бонучи, Киелини (Ругани), Алекс Сандро
Кедира, Пјаниќ (Маркизио), Матуиди
Дибала, Бернардески
Игуаин