Дома Фудбал Англија Видео: Салах, Мане, Фирмино и Чан за совршен Ливерпул, Вест Хем испратен со „покер“!

Видео: Салах, Мане, Фирмино и Чан за совршен Ливерпул, Вест Хем испратен со „покер“!

Во рамките од 28 коло од Премиер лигата денес во терминот од 16:00 часот во Премиер лигата се одиграа пет натпревари.

Екипата на Ливерпул одигра нов одличен натпревар и стигна до убедлива победа против Вест Хем од 4:1.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Натпреварот започна динамично, Ливерпул се закануваше преку Салах кој ја погоди стативата но и Вест Хем пропушти шанса преку Арнаутовиќ. Избраниците на Клоп до предноста стигнаа после половина час игра. Емре Чан успеа да го искористи одличниот центар шут од корнер на Мохамед Салах.

На полувремето Ливерпул замина со предност од 1:0.

Веќе на стартот од првиот дел Салах погодува за 2:0, а неколку минути подоцна во листата на стрелци се запиша и Роберто Фирмино за веќе убедливи 3:0. Голот за утеха на гостите го постигна Анонио Мичал во 59 минута од средбата.

Точка на натпреварот стави Саидо Мане со својот погодок во 77 минута од средбата.





 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Историјата се повторува – ѕвездата на Дортмунд се сели во Баерн

Баерн Минхен бара нов централен дефанзивец, а главна цел на баварците е Нико Шлотербек од …