Дома Актуелно (ВИДЕО) Последните два гола на Вардар, Дибиров и Македа донесоа триумф сред Германија

(ВИДЕО) Последните два гола на Вардар, Дибиров и Македа донесоа триумф сред Германија

Вардар успеа да однесе голема победа од Германија, откако славеше на првиот четвртфинален меч против екипата на Кил (28:29). Иако вардарци во последната минута влегоа со еден гол негатива, сепак на крајот успеаа да слават. Најпрво Дибиров го израмни резултатот, за да останат уште 20 секунди напад за домашниот тим. Беше побаран тајмаут од страна на Гисласон, а во последниот свој напад Кил направи грешка и ја фрли топката во аут. Истата ја зема Македа и упати удар од половина терен, кој заврши во мрежата на противникот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Погледнете ги последните два гола на овој меч за екипата на Вардар, на линкот,ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Ива Младеновска ќе игра за еден од најголемите германски клубови!

Македонската репрезентативка Ива Младеновска ќе ја продолжи кариерата во редовите на Борус…