Дома Фудбал Останато Видео: Нејмар го нокаутира Мурињо, Гвардиола го торпедираше Реал

Видео: Нејмар го нокаутира Мурињо, Гвардиола го торпедираше Реал

На Интернационалниот куп во САД синоќа се одиграа три пријателски средби, кои само по себе беа многу атрактивни, а најголемо изненадување направи Манчестер Сити кој го декласираше Реал Мадрид со 4:1.

Барселона во Вашингтон го победи Манчестер Јунајтед со 1-0 и повторно херој за Каталонците беше Нејмар.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Бразилецот е во центарот на вниманието поради неговиот трансфер во ПСЖ, но во меѓувреме блеска на теренот. Во 31. минута по невниманието на Валенсија, Нејмар украде и ја погоди мрежата на Манчестер Јунајтед, што се испостави како конечен резултат.

Во Лос Анџелес Манчестер Сити го декласираше Реал Мадрид со 4:1. Двата тима излегоа со силни состави, „кралевите“ беа Роналдо и Рамос, а од другата страна дебитираше Вокер.

Во првото полувреме мрежите мируваа, а потоа следеше голеада на „граѓаните“. Најпрво погоди Отаменди, а потоа Стерлин, Стоунс и младиот Диаз. Поразот го ублажи младиот Оскар со прекрасен гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Трамп даде „зелено светло“: Иран може на Светското првенство во САД

Џани Инфантино, претседателот на ФИФА, изјави дека Доналд Трамп, претседателот на САД, пот…