Дома Фудбал Италија ВИДЕО: Наполи со „покер“ го разби Фросиноне и дојде на -8 од Јувентус

ВИДЕО: Наполи со „покер“ го разби Фросиноне и дојде на -8 од Јувентус

Саботната програма во италијанската Серија А во 15-тото коло на „Сан Паоло“ ја отворија Наполи и Фросиноне.

После победата над Аталанта во Бергамо екипата на Карло Анчелоти славеше и денес против Фросиноне со убедливи 3:0 со што ја продолжи позитивната серија во италијанскиот шампионат.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Дека Фросиноне нема што да бара во овој натпревар Наполи покажа уште на стартот. Домаќините поведоа во седмата минута со голот на Зиелински, а до крајот на полувремето успеаа да зголемат на 2:0 преку Оунас.

Наполитанците не застанаа тука, продолжија да доминираат и во продолжение од натпреварот, а тоа им се исплатеше во 68 минута кога за 3:0 погоди Милик. До крајот на натпреварот во 85-тата минута Милик постигна уште еден погодок за конечни 4:0.

Наполи после овој триумф дојде на осум бода заостанување зад лидерот Јувентус, додека Фросиноне е претпоследен на табелата.




Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тоа е Меси: Анголците ќе платат милиони за да го видат во живо!

Фудбалскиот сојуз на Ангола постигна значаен договор. На 14 ноември, во Ангола ќе гостува …