Во германското првенство со почеток во 20:30 се одиграа четири натпревари.
Борусија Дортмунд немаше поголеми проблеми на гостувањет во Хамбург, успеаа да запишат убедлива победа против слабата екипа на домаќините. Кагава донесе предност, Обамејанг зголеми на 2:0, а Кристијан Пулишиќ ги постави конечни 0:3 во 79 минутао д средбата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во натпреварот против Мајнц и Хофенхајм, домаќините водеа со 2:0, одличен гол постигна Лаца во петата минута, за Муто да зголеми на 2:0 веќе во 16 минута. Сепак до крајот на полувремето преку Амири и Вагнер гостите успеаа да стигнат до изедначување, за на крајот во третата минуда од судиското продолжение преку Утх да стигнат до голема победа.
Во останатите натпревари Херта го совлада Леверкузен со 2:1, Фрајбург и Хановер одиграа 1:1, додека Ајнтрахт со минимална победа од 0:1 го совлада Келн на гостински терен.