Со почеток во 20:45 во италијанската Серија А се одиграа седум натпревари, а секако најголемо внимание привлекуваа натпреварите на клубовите од Милано.
Иако играше против Кротоне, Милан покажа моќ, три гола за едно полувреме, посебно во италијанската лига воопшто не е мала работа. Работата на фаворитот во овој натпревар беше значително олеснета кога Чечерини заработи црвен картон уште во петата минута од средбата, а само една минута подоцна Кеси реализираше удар од белата точка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За нов погодок не се чекаше долго, одличните насапи во подготвителниот период Кутроне ги пренесе и во овој натпревар во 18 минута од натпреварот тој беше стрелецот за 2:0. До крајот на полувремето Кутроне запиша и асистенција при погодокот на Сусо во 24 минута од средбата. Во вториот дел „росонерите“ како да застанаа и се одлучија ги чуваат силите за следните предизвици, па до крајот на средбата резултатот не се менуваше.
Градскиот ривал на „росонерите“ екипата на Интер исто така одигра одличен натпревар и на домашен терен запиша победа од 3:0.
Слично како и Милан, „нероаѕурите“ до предност стигнаа од пенал, интересно дури и во истата минута со градскиот ривал. Реализатор на најстрогата казна беше најдобриот фудбалер на Интер, Мауро Икарди. Само осум минути подоцна, Аргентинецо зголеми на 2:0 и покажа зошто беше еден од најбараните фудбалери ова лето.
За разлика од Кротоне, Фиоентина беше достоен противник и во второто полувреме создаваше прилики за погодокот, но не успеа ниту една да искористи. Во вториот дел „нероаѕурите“ успеаа да ја „умртват“, а се играше 79 минута од средбата кога Иван Перишиќ после еден центар шут од десната страна ги постави конечните 3:0.
Eкипата на Лацио која на одличен начин влезе во сезоната, со победа над шампионот Јувентус во италијанскиот Суперкуп од 2:3, во првиот натпревар во Серија А одигра само 0:0 против новајлијата во најсилната италијанска лига, Спал.
Во останатите натпревари Болоња ремизираше против Торино 1:1, Сампдорија славеше над Беневенто со 2:1, Киево му нанесе домашен пораз на Удинезе од 1:2, додека Сасуоло и Џенова одиграа без голови 0:0.