Милан конечно ја запиша првата победа под водство на новиот тренер, Сефано Пиоли, откако на свој терен го победи СПАЛ со 1:0.
„Росонерите“ играат многу лошо оваа сезона, па и овој натпревар не го отворија баш најдобро. Пиоли направи неколку промени во тимот, но средниот ред воопшто не функционираше, а нападот беше отцепен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Единствената шанса за гол Милан ја имаше во 13-та минута, кога Кастиљехо имаше неверојатно промашување и од пет метри ја погоди пречката.
Во вториот дел замените донесоа победа. Сусо влезе во игра и само неколку минути подоцна постигна прекрасен гол од слободен удар во 63-та минута.
До крајот на мечот „росонерите“ имаа уште неколку одлични шанси да ја зголемат предноста, но голот на Шпанецот се покажа како пресуден.