Барселона е последниот четвртфиналист во Лигата на шампиони, откако полесно од очекуваното го победи Челзи со 3:0.
Меси беше нерешлива енигма за гостите од Лондон, па уште во 3-та минута го отвори резултатот со гол од мртов агол.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во 20-та минута нова „магија“ на Аргентинецот, откако направи слалом долг дваесетина метри и му ја сервираше топката на Дембеле на кого не му беше тешко да погоди за 2:0.
Во 38-та минута Челзи ја имаше најзрелата шанса во првото полувреме после слаломот на Канте кој ја помина целата одбрана на Каталонците, но шутирапе непрецизно. Во последната минута Маркос Алонсо ја погоди стативата од слободен удар.
Во второто полувреме Челзи тргна одлучно и во 49-та минута имаше една дискутабилна ситуација. Маркос Алонсо ја прими топката во казнетиот простот и падна после контактот на Пике, а судијата Скомина не досуди на белата точка.
Само неколку минути подоцна Меси ја заврши одличната акција на Каталонците со гол меѓу нозете на Куртоа, воедно негов 100-ти во Лигата на шампиони.