Дома Фудбал Останато ВИДЕО: Малиот Де Брујн зборува за соновите – Во неговата глава имало САМО ЕДЕН клуб!

ВИДЕО: Малиот Де Брујн зборува за соновите – Во неговата глава имало САМО ЕДЕН клуб!

Не е како што се планира, туку како што е судено. Тоа го знае и играчот за врска на Манчестер Сити, Кевин Де Брујн.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На интернет се појави интересно интервју на Кевин Де Брујн уште во времето кога беше во белгискиот клуб Гент, а тогаш и не сонувал дека еден ден ќе го облече дресот на Манчестер Сити. Напротив, неговиот сон бил Ливерпул, а идолот Мајкл Овен.

„Мојот омилен тим е Ливерпул. Мојот омилен играч е Мајкл Овен и би сакал да играм таму“, беше краток, но јасен Де Брујн.

Во тоа време, Манчестер Сити и не беше на фудбалската мапа на светот, но во меѓувреме богатиот арапски сопственик ги превзеде „Граѓаните“ и Сити денеска е клуб кој може да си го дозволи секој играч кој ќе го посака. Потсетуваме, Де Брујн пред Сити играше и за Челзи, а меѓу нив беше и член на Волфсбург. Тој денеска е еден од најдобрите играчи на тимот на Пеп Гвардиола, а секако е и неизбежен член во првиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул откри споменик на Диого Жота и неговиот брат на Енфилд (Фото)

Ливерпул на првата годишнина од смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва откри тра…