Дома Фудбал Останато Видео: Елмас и Фенербахче славеа против Зенит

Видео: Елмас и Фенербахче славеа против Зенит

0

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас со својот Фенербахче забележа значајна победа од 1:0 над Зенит во првиот меч од 1/16 финалето на Лига Европа.

Клучниот момент се случи во 21-та минута кога Слимани постигна гол за водство на Фенербахче од 1-0, што на крајот се покажа како конечен резултат.

Домаќините имаа шанси да ја зголемат предноста во првото полувреме, но потоа можеше да следува казна.

Во 44-та минута беше досуден пенал за Зенит, но меѓутоа голманот Текин со помош на пречката успеа да му го одбрани ударот на Роберт Мак.

Во второто полувреме двете екипи имаа шанси за гол, но не ги искористија, па Фенербахче ќе патува во Русија со предност од 1:0.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Траеше цела вечност: Дали ова е најспориот изведен пенал на сите времиња?

Во англиски Чемпионшип вчера се одиграа натпреварите од 3. коло. Барнсли на свој терен го …