Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни пет натпревари.
После тешкиот пораз од Голден Стејт, кошаркарите на Денвер се вратија на победите против Чикаго со 135:105, а одличен и овој пат беше Никола Јокиќ.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Српскиот интернационалец беше блиску до трипл-дабл, додека натпреварот го заврши со 18 поени, 11 асистенции и 8 скокови. Интересно е што од Денвер овој настап го опиштаа како „осмо светско чудо“.
Nikola Jokić: The Eighth Wonder of the World. pic.twitter.com/INhCNHuZIE
— Denver Nuggets (@nuggets) January 18, 2019
Денвер нешто послабо влезе во натпреварот, па Булси поведоа со 30:28, најмногу благодарние на Финецот, Лаури Марканен кој постигна 15 поени во првата четвртина. Сепак веќе до полувремето тимот од Колорадо заигра како што знае и стигна до предност од 61:47.
Јокиќ за 25 минути на паркетот запиша 18 поени и имаше шут од игра 6/18, запиша 11 асистенции, осум скокови, блокада и украдена топка. Поентерски најрасположен беше Џамал Мареј со 25 поени, а го следеа Пол Милисап и Гери Харис кои уфрлија по 14 поени.
Кај Чикаго најефикасен беше Марканен со 27 поени и десет скокови, Рубен Лопез постигна 17, Џабари Паркер 15, а Чендлер и Хачисон од 12 поени.
Оклахома и Лејкерси одиграа интересен натпревар кој беше решен после продолженија.
Откако во регуларниот дел беше нерешено (122:122), Лејкерси преку продолжението стигнаа до победа од 128:138.
Најефикасен кај победничкиот тим беше Кајл Кузма со 32 поени, а блесна и Хрватот Зубац со дабл-дабл од 26 поени, 12 скокови и 1 асистенции. Во редовите на Оклагома Пол Џорџ уфрли 27 поени, додаде осум асистенции и седум скокови.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Чикаго – Сакраменто 114:95
Индијана – Филаделфија 96:120
Торонто – Феникс 111:109
Денвер – Чикаго 135:105
Оклахома – Лејкерси 128:138 (после продолженија)