Дома Фудбал Репрезентации Видео: Бразил одличен на подготовките, Русија лесно совладана, стрелаа Миранда, Кутињо и Паулињо

Видео: Бразил одличен на подготовките, Русија лесно совладана, стрелаа Миранда, Кутињо и Паулињо

Денес со почеток од 17:00 часот пријателски натпревар одиграа репрезентациите на Русија и Бразил.

Ова беше средба со еден од фаворитите за освојување на Мундијалот со домаќинот. Бразилците ја оправдаа фаворитската улога и стигнаа до сигурна победа од 0:3.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Бразил беше подобриот противник во текот на целиот натпревар, иако и Русите на моменти знае да се заканат кон голот на Алисон.

Првиот погодок го видовме дури во вториот дел. Миранда по осум минути игра ја затресе мрежата на Русија. Десет минути подоцна беше досуден пенал за „кариоките“, а сигурен реализатор на најстрогата казна беше фудбалерот на Барселона Фелипе Кутињо.

Само четири минути подоцна Вилијан уфрли од десната страна, а мрежата на Акифеев ја погоди уште еден играч на Каталонците, Паулињо.

До крајот резултатот не се промени, па „кариоките“ стигнаа до победа од 0:3.



Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Феде Валверде објасни за испадот на гнев при замената

Федерико Валверде одигра многу силен натпревар во победата на Реал Мадрид против Реал Соси…