Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: Барса едвај во Прага, важни победи за Наполи и Интер

Видео: Барса едвај во Прага, важни победи за Наполи и Интер

Вечерва беше комплетирано 3. коло во Лигата на шампиони каде фаворитите немаа проблем да стигнат до трите бода, а Интер славеше во дербито против Борисија Дортмунд.

Интер го одигра еден од најдобрите натпревари во Лигата на шампиони во последно време и славеше над „милионерите“ со 2:0. Уште на стартот Лаутаро Мартинез донесе водство и ја најави победата.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Домаќините ја контролираа играта и беа подобар противник, а во второто полувреме Лаутаро промаши пенал за зголемување на водството. Конечните 2:0 ги постави Кандрева на неколку минути пред крајот.

Барселона потешко од очекувањата славеше на гостувањето кај Славија Прага. Каталонците брзо дојдоа до водство со голот на Лионел Меси, а потоа мрежите мируваа до крајот на полувремето.

Меѓутоа, на почетокот на второто полувреме Славија израмни на 1:1 со голот на Масопуст, но расоста на домашните траеше само седум минута, кога Суарез погоди за 2:1, што на крајот се покажа како конечен резултат.

Наполи и Ливерпул запишаа важни гостински победи. „Црвените“ супериорно славеа на гостувањето кај Генк со 1:4, додека Наполитанците победија со 3:2, а Елмас ги одигра последните десетина минути.

Бенфика оствари важна победа над Лион со 2:1, додека Лил со гол во последните минути се спаси од пораз против Валенсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ѓокереш јавно проговори по драмата со Спортинг

Виктор Ѓокереш одби да почне со подготовките со Спортинг и чека дозвола од клубот од Лисаб…