Oд поодамна е јасно дека нешто во Манчестер Јунајтед не е како што треба, а денес британските медиуми на големо пишуваат проблем во клубот со Бруно Фернандеш.
Имено, само осум месеци откако дојде во Јунајтед Бруно Фернандеш наводно размислува да замине!? Фернандеш според информациите е лут на Солскјер кој го води клубот. Фернандеш според информациите бил најмногу незадоволен од резултатите, Јунајтед после три натпревари има една победа и тоа против Брајтон едвај со досуден пенал по завршувањето на мечот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се пишува дека Фернандеш многу му замерил на Солскјер за катастрофата која ја претрпи Јунајтед против Тотенхем пред репрезентативната пауза и тоа што го заменил на полувремето од тој натпревар.
Од доаѓањето во вториот дел од минатата сезона, Фернандеш беше фантастично засилување за Јунајтед, Португалецот постигна 14 гола и беше најважен фактор во пробивањето на екипата до четвртото место со што Лигата на шампионите се врати на „Олд Трафорд“.
Меѓутоа сега се тврди дека со лошата игра сезонава завршила таа „почетна љуобов“ и Фернандеш размислува за нов предизвик. Веќе се шпекулира и дека Реал Мадрид и Барселона ја следат ситуацијата.