Дома Фудбал Англија Вејн Руни и официјално се посвети на тренерската кариера

Вејн Руни и официјално се посвети на тренерската кариера

Поранешниот англиски репрезентативец Вејн Руни и официјално е тренер на Дерби Каунти.

Во ноември 2020 година англискиот второлигаш го именуваше Руни за привремен тренер, но сега легендата на Манчестер Јунајтед во целост ќе заплови во тренерските води.

Дерби денес официјално го потврди она што се најавуваше и му даде перманентен договор на Руни. Со Дерби Руни потпиша договор на 2.5 години, односно до 2023.

Најголемиот дел од кариерата и најдобрите денови Руни како играч ги помина во Манчестер Јунајтед, а играше уште и за Евертон, Ди-Си Јунајтед и Дерби каде што сега ќе биде и тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид е новиот европски шампион!

Реал Мадрид вечерва во Париз стигна до 14-тата титула европски шампион. Победата ја донесе…