Поранешниот менаџер на Марко Верати, Донато Ди Кампли, очигледно не се разделил во добри односи со италијанскиот репрезентативец.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Де Кампли неодамна го обвини ПСЖ дека го натерале Верати намерно да го отпушти, а сега упати силна критика ко фудбалерот кој е пред трансфер во Саудиска Арабија.
„Работев на трансфер на Верати во Барселона. Немаше ‘јајца’ да донесе таква одлука поради платата во ПСЖ. Сега нека трча по пустината со камилите“, изјави Ди Кампли.
30-годишниот Италијаец е пред трансфер во Саудиска Арабија за годишна плата од 40 милиони евра.