Дома Фудбал Останато Венгер после ХАОСОТ во Лондон: Одигрувањето на натпреварот беше голем ризик!

Венгер после ХАОСОТ во Лондон: Одигрувањето на натпреварот беше голем ризик!

wenger

Натпреварот помеѓу Арсенал и Келн започна со еден час задоцнување, а на крајот „топџиите“ славеа со резултат 3:1.

На стадионот во Лондон настана вистински хаос кога околу 20.000 фанови на Келн се обидоа да влезат на стадионот иако германскиот клуб доби само 3.000 влезници.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Гостувањето во Лондон беше прв европски натпревар за Келн после пауза од 25 години, а тоа предизвика вистинска еуфорија помеѓу навивачите.

Полицијата во прв момент успеа да ги задржи гостинските навивачи, но Германците подоцна го пробија кордонот, ја срушија оградата и започнаа пресметка со полицијата. Дел од нив успеаа да влезат на стадионот без влезници, според англиските медиуми се работи за голема бројка од неколку илјади германски фанови.

Поради ваквите случувања тренерот на Арсенал, Арсен Венгер беше изненаден што натпреварот воопшто се одиграл.

„Одигрувањето на овој натпревар беше вистински ризик, кога ги видов сцените на стадионот бев убеден дека натпреварот ќе биде одложен. Не знам како навивачите на Келн успеаа да се инфилтрираат помеѓу нашите, но успеаа. Трпеливо чекавме во соблекувалната и размислувавме дали ќе играме утре или следната недела. Погодувавме и анализиравме, а на крајот мислевме дека натпреварот нема да биде одигран“, изјави Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…