Арсенал во сезоната 2003/04 ја освоија титулата во Англија без пораз, па таа генерација на „Непобедливите“ освои златен пехар од Премиер лигата.
Таа сезона ќе ја паметат сите навивачи на Арсенал, а легендарниот менаџер Арсен Венгер се присеќава како изгледало кога ја прекинале серијата без пораз против Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Го загубивме статусот на непобедливи против Јунајтед кога судиите имаа огромен удел во тој наш пораз. Не го заслуживме. Кога ќе умрам, пред дa бирам дали ќе одам во рајот или во пеколот, ќе го прашам Господ каде се наоѓаат судиите“, изјави Венгер.
Тој натпревар Арсенал го загуби со 2:0 во октомври 2004 година по неверојатната низа од 49 натпревари без пораз.
https://youtu.be/iEWHw90hgr4