Дома Фудбал Останато Васоски за конфликтот со Велкоски: Крсте згреши, правилата се исти за сите

Васоски за конфликтот со Велкоски: Крсте згреши, правилата се исти за сите

Aлександар Васоски го отстрани Крсте Велкоски од екипата на Сараево поради недисциплина и непочитување на правилата, а сега македонскиот стратег ја објасни одлуката.

Во изјавата за медиумите Васоски истакна дека Велкоски згрешил, а правилата се исти за сите, па мора и да ги сноси последиците. Наскоро го очекува повторно да биде со тимот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Зборувавме цела недела за дисциплината. Крсте згреши и јас го отстранив од тимот поради однесувањето, не е исфрлен од клубот. Јас бев прв што му честитав кога влезе во топ 10 стрелци, меѓутоа исти правила важат за сите. Очекувам наскоро повторно да се врати“, изјави Васоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бруно Фернандеш: Јунајтед ќе ме ослободеше, ако сакав да заминам

Kапитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш потврди дека клубот бил подготвен да го п…