Ракометарите на Вардар не успеаа да го освојат бронзениот медал на фајнл-фор турнирот. Македонскиот шампион загуби од ПСЖ (29:28), иако во текот на целиот меч имаше водство.
Вардар одлично го почна натпреварот, во 13. минута дојде до предност и од четири гола разлика 7:3, но ПСЖ брзо се врати. Во финишот од првиот дел се играше гол за гол, на одморот македонскиот тим замина со позитива 15:14.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И во второто полувреме вардарци во неколку наврати имаа највисоки три гола предност. Но, и тоа не беше доволно да се совлада ПСЖ кој со многу поцврста игра во одбраната, на крајот стигна до победа со 29-28
Најефикасен во редовите на Вардар беше Лука Циндриќ со седум голови, додека Хорхе Македа постигна шест, но средбата ја заврши предвреме поради три исклучувања.