Полскиот репрезентативец Јан Чувара го напушта Вардар, откако неговиот договор истече со крајот на сезоната.
Пред крајот на сезоната 27-годишниот ракометар заработи тешка повреда на коленото и се очекува да паузира до крајот на годината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа Вардар ја повлекол својата понуда за продолжување на договорот и Полјакот сега е слободен агент.
„Мојот договор со Вардар заврши во јуни, но клубот претходно ми понуди нов договор за новата сезона. Усно се договоривме, остана само да ги потпишеме документите, но потоа се случи несреќната повреда. Во моментов барам нов клуб, знам дека нема да ми биде лесно“, изјави Чувара.