Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар се засили со поранешниот македонски репрезентативец!

Вардар се засили со поранешниот македонски репрезентативец!


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Поранешниот„вардарец“ Велко Маркоски повторно во дресот на Вардар

До крајот на сезонава Вардар добива засилување во Велко Маркоски, поранешен репрезентативец на Македонија кој својата кариера ја почна токму во Скопје во редовите на актуелниот македонски првак.

Договорот на Маркоски со Вардар е на најмалку половина сезона, со можност истата да биде продолжена. Со доаѓањето на Маркоски, тренерот Владо Недановски добива сериозна конкуренција за создавање на уште погранитна одбрана, бидејќи Маркоски важи за силен и цврст одбранбен играч.

Вардар во плејофот тргнува со максимални три бода и ќе атакува на одбрана на двојната круна. Маркоски е веќе на тренинг со „црвено-црните“ кои ги почнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната.

Пoкраj Маркоски на подготовките на Вардар се и сите други ракометари кои не се повикани во своите национални репрезентации: Гогов, Ристовски, Стојановски, Мишевски, Карапалевски, Моралес, Лазаревски, Атанасовски, стоилов и Ќосевски.

До почеток на натпреварите Вардар ќе тренира во Скопје и планирани се одигрување и на контролни средби.

Маркоски уште како младинец во 2003 дојде во Вардар, каде остана до 2010 и зад себе има и титули и куп трофеи освоени со нашиот клуб. Потоа настапуваше за екипите на Металург, Зомимак М, Работнички, а играше и во странство во Загреб и Констанца. Последнава полусезона беше дел на Струга.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Манчестер Јунајтед и Баерн ја дознаа цената на новата француска ѕвезда

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Манчестер Јунајтед и…