Екипата на Вардар без проблеми дојде до победа во петтото коло од ракометната Суперлига на Македонија.
На гости кај Куманово Вардар славеше триумф од 31:18. Достоен противник Куманово беше само некаде до финишот на полувремето кога вардарци од резултатот 10:12 започна да го трасира патот кон победата.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Веднаш на почетокот на вториот дел следуваше серија од 6:0, а Куманово дури после осум минути го постигна првиот гол. Во редовите на Вардар Јан Чувара беше најефикасниот со девет гола, Моралес постигна шест, додека кај Куманово по шест постигнаа Вучко Мрвовиќ и Даниел Постоловски.
На табелата во „А“ групата Вардар има 15 бода, Алкалоид и Бутел по 12.
Фото: РК Вардар