Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар ги израдува „комитите“ на прославата – Победа во вечното дерби!

Вардар ги израдува „комитите“ на прославата – Победа во вечното дерби!

Денес со почеток во 18:00 часот се одигра дербито на колото во македонската прва фудбалска лига помеѓу Вардар и Пелистер.

Натпреварот заврши со минимална победа на Вардард од 1:0. Вардар од самиот старт тргна офанзивно, но Николов не успеа да реализира одлична шанса по додавањето Блажевски. Нешто, подоцна Николов повторно се обиде со удар од далечина, но резултатот не се менуваше.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Одлучувачкиот момент се случи во 65 минута од средбата кога Муслиу кој го искористи проигрувањето од Велкоски и ја погоди мрежата на гостите.

До крајот на средбата и Вардар и Пелистер имаа неколку шанси, но нов погодок немаше, па Вардар ги освои трите бода од оваа средба.

Треба да се истакне и фантастичната атмосфера која ја создаваа „комитите“ по повод прославата 30 години постоење.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…