Дома Фудбал Лига на шампиони Ван Дер Варт: Зарем не е му е срам на Меси само да шета по теренот?

Ван Дер Варт: Зарем не е му е срам на Меси само да шета по теренот?

Поранешниот репрезентативец на Холандија, Рафаел Ван Дер Варт го коментираше настапот на Меси во натпреварот помеѓу Манчестер Сити и ПСЖ.

Аргентинецот беше скоро незабележителен на теренот, единствена светла точка беше асистенцијата за Мбапе за голот со помош на дефанзивецот на Сити.

„Меси најмногу време поминува шетајќи по теренот. Го гледав и размислував: Зарем не му е срам? Вознемирен сум затоа што таков талент се раѓа еднаш во сто години. Со вакво однесување започна уште во Барселона во последната година“, истакна Ван Дер Варт.

Холанѓанецот неговото однесување го спореди со она на Кристиано Роналдо.

„Се е само прашање на желба, Роналдо се бори за својот тим, гризе и го подига на повисоко ниво. Меси е незаинтересиран“, смета Ван Дер Варт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Салах: Чест е што клуб како Барселона се интересира за мене

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах се уште не може да постигне договор со својот клуб за …