Мауро Икарди важи за еден од најдобрите напаѓачи во Серија А и Европа, па готово секое лето се појавуваат шпекуалции за негово заминување од Интер.
Неговата сопруга и агент Ванда Нара неодамна откри дека има понуди од неколку клубови, а сега ги откри и имињата на клубовите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Единствен контакт ова лето Мауро имаше со Јувентус. Им постигна седум голови и нормално дека ќе сакаат да го доведат. Неговата цел од стартот беше јасна, да остане во Интер. Јуве сакаше да го доведе, но потоа се свртеа кон Роналдо и тоа беше тоа“, изјави Ванда.
„Ја работам својата работа најдобро што знам и било кој клуб да ме контактира, на крајот добива одговор. Мауро секогаш ја има конечната одлука и не навлегувам премногу во тоа. Исто така, разговаравме со Наполи, но Мауро едноставно немаше никаква желба да отиде таму и немаше никаков личен контакт со нив“, додаде Ванда.