Дома Фудбал Останато Буфон: Скандалозно е тоа што Нејмар нема освоено „Златна топка“

Буфон: Скандалозно е тоа што Нејмар нема освоено „Златна топка“

Џанлуиџи Буфон оваа лето после долги години го напушти Јувентус, а за нова дестинација го избра француски Пари Сен Жермен.

Во ПСЖ соработува со голем број квалитетни фудбалери, но секако во прв план се истакнуваат Килијан Мбапе и Нејмар.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Бразилецот Нејмар веќе со години е во самиот врв на светскиот фудбал додека Мбапе штотуку започнува да блеска во полн сјај. Италијанскиот голман ги цени и двајцата, но смета и што е скандалозно тоа што Нејмар се уште нема „Златна топка“.

„Сум играл со голем број шампиони. Не се сомневам дека во ПСЖ има такви шампиони, Нејмар и Мбапе се со такво педигре. За мене е скандалозно што Нејмар нема „Златна топка“ и сум му го кажал тоа и на него“, изјави Буфон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јувентус повторно се обидува да го врати Коло Муани

Јувентус повторно ја разгледува можноста за враќање на напаѓачот Рандал Коло Муани во клуб…