ПСЖ утре го очекува натпревар против Баерн Минхен во осминафиналето од Лигата на шампионите, а натпреварот за гигантот од Париз не доаѓа баш во најдобар момент.
Шеиците од Париз вложија над милијарда евра за ПСЖ да ја освои Лигата на шампионите, но на овој толку посакуван трофеј се уште чекаат. Против Баерн, иако имаше најави сепак во составот ќе биде Килијан Мбапе.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Натпреварот за ПСЖ доаѓа после поразите од Монако во Лига 1 и елиминацијата од Купот од Марсеј, а по последниот натпревар во саботата против Монако (1:3) Французите пишуваа за голем скандал во соблекувалната на „светците“.
Наводно дошло до голема расправија, па и физички контакт помеѓу Нејмар и спортскиот директор Луис Кампос кој бил незадоволен од она што фудбалерите го прикажале на теренот и ги критикувал.
Денес „Ле Парисиен“ објави дека по овие најнови случувања во ПСЖ донеле одлука дека е најдобро Нејмар да го напушти клубот бидејќи внесувал немир во соблекувалната. ПСЖ наводно на лето ќе го стави на трансфер листата. Ќе потсетиме, Бразилецот во Париз дојде од Барселона за 222 милиони евра.
Исто така се појави и информација дека Меси во овој момент е поблиску до одлука да не го продолжи договорот со гигантот од Париз. Поради сето ова јасно е дека натпреварот против Баерн доаѓа во многу лош момент, а евентуална елиминација веројатно ќе донесе хаос во соблекувалната.
🚨 PSG are ready to let Neymar leave this summer. 🇧🇷👋
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) February 13, 2023
Leo Messi is also having doubts about extending his contract and is swaying towards leaving. 🇦🇷👋
✍️ @Santi_J_FM pic.twitter.com/DvbUDLun4N