Дома Фудбал Останато Хаос во соблекувалната на ПСЖ пред мечот со Баерн

Хаос во соблекувалната на ПСЖ пред мечот со Баерн

Атмосферата во Пари Сен-Жермен пред осминафиналната пресметка од Лигата на шампионите против Баерн Минхен не е на највисоко ниво.

Имено, после поразот од Монако, спортскиот директор Луис Кампос влегол во соблекувалната на парижаните и се скарал со Нејмар и Маркињос.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Во текот на мечот, Нејмар постојано се расправал со Витиња и Иго Етиките за нивните непрецизни додавања, а откако завршил мечот, тој и капитенот Маркињос влегле во конфликт со Кампос, кој сметал дека не покажале доволно посветеност на теренот, открива „Екип“.

„Кампос ги обвинил фудбалерите дека не играле машки и агресивно, а посебно ги посочил Маркињос и Нејмар, кои веднаш возвратиле. Овие сцени ги шокирале останатите во клубот“, пишува еминентниот весник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона може да загуби еден од најдобрите фудбалери – клаузулата е само 65 милиони евра

Роналд Араухо, дефанзивниот столб на Барселона, повторно е во фокусот на фудбалската јавно…