Дома Останати Тенис Брутална казна: Италијански судија суспендиран до 2031 година

Брутална казна: Италијански судија суспендиран до 2031 година

Италијанскиот тениски судија Антонио Каса е суспендиран на седум и пол години откако призна дека имал корупција и прекршувања на обложување, соопшти денеска Меѓународната агенција за тениски интегритет (ITIA).

Каса, кој работеше како судија на национално ниво, призна седум прекршувања на правилата, вклучувајќи обид за корупција и манипулација со резултатот поради обложување.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


ИТИА објави дека Каса целосно соработувал со истрагата, и дека е казнет дополнително со осум илјади долари.

Суспензијата на Касе истекува на 27 септември 2031 година, а за време на суспензијата му е забрането да суди или да присуствува на кој било тениски настан организиран од официјалните тениски организации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сабаленка најави бојкот на престижниот турнир

Изјавата на организаторите на ВТА турнирот во Дубаи ја разлути најдобрата тенисерка во све…