Доаѓањето на Кристиано Роналдо во Јувентус изминатото лето на торинскиот клуб му донесе значајна финансиска корист.
Роналдо е ѕвезда во секоја смисла. Има навистина голем број фанови, а неговиот таков статус на Јувентус му носи големи добивки на клубот од Торино.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Така продажбата на дресовите и клупските обележја од доаѓањето на Роналдо значително порасна. Само во изминатите шест месеци Јувентус заработи 26.51 милиони евра, што е огромно зголемување од приходот во однос на минатата година.
Без Роналдо, Јувентус во ова време минатата година имаше заработка од 14.65 милиони евра, тоа значи дека Роналдо им донел заработка од 81%.
Сепак и расходите се прилично големи. Јувентус потроши 12.18 милиони евра за да ги наполни клупските продавници што е за пет ипол милиони повеќе во однос на минатата сезона.
Секако, треба да се очекува голема заработка и во наредниот период. Јувентус дури и доби бонус од 15 милиони евра и таа сума веќе е уплатена на сметката на торинскиот клуб.
Исто така приходите од спонзорите и рекламите достигнаа бројка од 61.4 милиони евра во досегашниот што е нешто повеќе од 18 милиони евра во однос на истиот период минатата година.
Освен на финансиски план Роналдо започна да се исплаќа и на теренот. Португалецот е прв стрелец во Серија А, меѓутоа во Лигата на шампионите која е главна цел Јувентус се наоѓа во тешка ситуација после првиот натпревар против Атлетико Мадрид (пораз од 2:0).