Дома Фудбал Италија Брозовиќ кон Пјаниќ: Мене не ми е потребна помош од судиите и пенали!

Брозовиќ кон Пјаниќ: Мене не ми е потребна помош од судиите и пенали!

Познато е колкаво е ривалството помеѓу Интер и Јувентус, а по натпреварот на Интер за викендот Хрватот Марсело Брозовиќ одлучи да испрати провокација до членот на лутиот ривал.

Брозовиќ за викендот во успеа да постигне гол во 94-тата минута од средбата и така да донесе важни три бода за „нероаѕурите“. Разбириливо после натпреварот Брозовиќ беше расположен, па дури и испрати „отровни“ стрели кон Миралем Пјаниќ.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Кога сме кај мојот погодок, не сум јас како Пјаниќ. Мене не ми е потребна помош од судиите и пенали“, изјави Брозовиќ алудирајќи на натпреварот на Јувентус од Лигата на шампионите во кој Босанецот постигна два погодоци со удар од белата точка.

Хрватскиот играч за врска во редовите на Интер пристигна во 2015 година од „фабриката за ѕвезди“ на Хрватска, Динамо Загреб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Податок кој не изненадува: Меси никогаш не испаднал од групна фаза

Интер од Мајами се пласираше во осминафиналето на Светското клупско првенство по лудиот ра…