Британскиот кошаркарски интернационалец, Рајан Ричардс е нов член на екипата на Карпош Соколи, откако и официјално го стави потписот на договорот со вториот македонски претставник во АБА-лигата.
Британецот, кој игра на позицијата крилен центар, но кој по потреба може да биде и класична „петка“, во Скопје доаѓа по неколкудневниот престој во кампот на Сан Антонио спарс, НБА-тимот кој во 2010 година го драфтува како 49 избор.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Повредата на рамото тогаш го спречи да настапи во најсилната лига на светот, сон од кој Ричардс сѐ уште не се откажува. Негов последен клуб е Ал Ахли од Бахреин, а во досегашната интернационална кариера, која ја почна на 18 години во белгиски Монс, има променето поголем број клубови.
Новиот член на карпошовци зад себе има настапи за екипи како Гран Канарија (Шпанија), Монтеј, Лугано (Швајцарија), Ал Наср (ОАЕ), Икарос (Грција), Керменд (Унгарија), Азад Техеран, Шардари Горган (Иран), Сагесе (Либан), Гуанкси ринос (Кина) и Цептер Виена (Австрија).
25-годишниот Ричардс доаѓа на местото на Американецот Ламонт Мек, кој неодамна беше отпуштен поради лошите игри, но и проблематичното однесување.