Може ли најскапиот играч во историјата на Арсенал да го поведе клубот од северен Лондон до првиот меѓународен трофеј.
„Архитектот“ на Арсенал „кине“ на натпреварите под покровителство на УЕФА во последно време.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Од заводот за статистика стигна податок дека Турчинот со германски пасош учествувал во осум погодоци на последните седум натпревари за Арсенал во европските натпреварувања, и како стрелец и како асистент.
Месут Озил вечерва го постигна третиот погодок на „Топчиите“ на гостувањето во Шведска кај Осстерсундс во рамки на Лига Европа, на кое тимот на Венгер практично ја заврши работата околу пласманот во следната фаза.