Селекторот на машката младинска ракометна репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, по натпреварот со Велика Британија изјави дека е задоволен од прикажаното и најави уште поквалитетна игра на неговите ракометари во следните натпревари.

Македонските ракометари убедливо ја совладаа британската репрезентација со 32:15 и со победа го почнаа ЕХФ шампионатот за ракометари до 20 години што се одржува во Скопје.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


– Сите играчи беа на високо ниво и одгиграа дисциплинирано и рутински. Мислам дека ќе бидеме подобри во наредните натпревари, истакна Брестовац.

Македонија вториот натпревар од групата Б ќе игра против Италија на 23 јули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Нов ранкинг на ЕХФ: Еве на кое место се наоѓа Македонија

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави најновото издание на ранг-листата на нацио…