Дома Останати Кошарка Евробаскет Братскиот тандем останува активен: Веројатно ќе ги гледаме на Евробаскет 2017

Братскиот тандем останува активен: Веројатно ќе ги гледаме на Евробаскет 2017

Селекторот на шпанската кошаркарска репрезентација, Серхио Скариоло, најави дека браќата Пау и Марк Гасол би требало да бидат дел од репрезентацијата на следното Европско првенство, што ќе се одржи кон крајот на претстојното лето.

Пау ми кажа дека ќе дојде. Секако, конечната одлука ќе ја даде по крајот на НБА сезоната, изјавил Скариоло за веб страната на ФИБА.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според неговата најава и помладиот од браќата Гасол, Марк би требало да биде дел од „црвената фурија“.

– Исто така и Марк би требало да дојде и заигра за репрезентацијата по пауза од две години. Младиот Гасол го пропушти Евробаскетот во 2015, а поради повреда не настапи и на Олимпијадата во Рио минатата година, дополни Скариоло.

Потсетување дека и годинашното Европско првенство, како и претходното, ќе се одржи во четири земји: Израел, Романија, Финска и Турција.

Репрезентацијата на Шпанија ќе игра во Ц групата, каде за противници ќе ги има селекциите на Хрватска, Чешка, Црна Гора, Унгарија и домаќинот на оваа група Романија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…