Дома Фудбал Репрезентации Бразилката Марта ги помина Клосе и Роналдо!

Бразилката Марта ги помина Клосе и Роналдо!

0

Oд сега по бројот на голови на светските првенства во фудбал прва е Бразилката Марта.

Девојката која настапува за Орландо и има 33 година постигна гол од белата точка за победа на Бразил над Италија во третото коло од Светското првенство за жени.

Сега Бразилските имаат еднаков број на бодови како Италијанките и Австралијанките, но ќе поминат понатаму како една од најдобрите третопласирани селекции.

Марта на светските првенства постигна 17 голови, Клосе 16, а нејзиниот сонародник Роналдо 15 голови.

Австралија до победа за поминување во следната фаза дојде против Јамајка. Беше 4:1, а сите голови за оваа селекција ги постигна Саманта Кер.

Таа со тие четири гола се изедначи на врвот на листата стрелци со Американката Морган која има пет голови.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Затоа Манчестер Јунајтед плати 50 милиони евра: Фантастичен спринт и старт на Ван Бисака (ВИДЕО)

Арон Ван Бисака ова лето пристигна во Манчестер Јунајтед од Кристал Палас и уште во припре…