Борусија Дортмунд го сака напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, пренесуваат германските медиуми.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Јовиќ е во втор план во Реал Мадрид и е спремен да ја промени средината во потрага по поголема минутажа, а Борусија сака да ја искористи таквата ситуација.
„Милионерите“ се свесни дека на крајот на сезоната ќе останат без Халанд, па во Србинот гледаат идеална замена за Норвежанецот.




Јовиќ има големо искуство во Бундеслигата, каде ја доживеа својата афирмација и е спремен да ја прифати понудата на Борусија Дортмунд.




Германскиот клуб наскоро ќе започне преговори со Реал Мадрид, а се очекува двата клуба брзо да најдат заеднички јазик за трансферот.