Дома Фудбал Германија Борусија Дортмунд најде нов тренер и му зададе тежок удар на Баерн

Борусија Дортмунд најде нов тренер и му зададе тежок удар на Баерн

Петер Бош најверојатно наредните денови ќе добие отказ на клупата на Борусија Дортмунд, пренесуваат германските медуми.

Ваков развој на ситуацијата не чуди со оглед на фактот што „милионерите“ не знаат за триумф на девет од последните десет натпревари.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Денес германските медиуми пренесуваат дека со изборот на нов тренер „милионерите“ ќе му зададат голем удар на најголемиот ривал Баерн Минхен.

Најверојатни Армин Вех ќе го замени Бош до крајот на сезоната, а на лето Борусија ќе тргне по Јулијан Нагелсман. Тренерот на Хофенхајм е голема желба и на Баварците за следната сезона.

Баерн после отказот на Анчелоти го именуваше Хејнкес за тренер до крајот на сезоната, а Нагелсман е првиот пик за нов кормилар.

Останува да видиме кој ќе ја добие битката за потписот на младиот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го задржи Мегваер со нов договор

Управата на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер, соопштуваат разли…