Дома Останати Борко и донесе победа на Барса

Борко и донесе победа на Барса

Барселона славеше над Фленсбург 28-27 во дерби мечот од третото коло, во А групата, во ракометната Лига на шампиони и по три кола има максимален учинок.

Каталонците од почетокот го контролираа мечот, дополнителна сигурност им внесе Борко Ристовски, кој блескаше на голот.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Два гола предност имаше Барса по првиот дел, во 40-та минута разликата беше четири гола, но Фленсбург успеа да се врати на гол негатива. Но поради техничките грешки не успеа да направи целосен пресврт.

Томас Могесен во последните два напади на Фленсбург направи две грешки. По првата негова грешка Барселона не успеа да отвори контранапад, а потоа Андерсон го одбрани ударот на Лазаров од девет метри.

Последниот напад Фленсбург не успеа да го организира бидејќи Могесен едноставно им ја врачи топката на противничките играчи.

Ристовски ја предводеше Барселона со 19 одбрани, а меѓу стрелците се истакна Ѓалуз со осум голови. Кире Лазаров постигна четири гола, но со лош процент на реализација, тој потроши 12 топки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Најдобрата скијачка на светот беше оперирана откако падна и ја скрши ногата

Италијанката Федерика Брињоне (34) беше оперирана во Милано откако ја скрши ногата при пад…