Дома Фудбал „Борачите“ Савиќ и Торес ја добија казната од Ла Лига

„Борачите“ Савиќ и Торес ја добија казната од Ла Лига

Фудбалерите на Атлетико Мадрид и Барселона добија по два натпревари суспензија за борбата во боречки стил во дербито во Ла Лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанските медиуми шпекулираа дека казната за Торес и Савиќ може да биде од 4 до 12 натпревари, но сепак двајцата поминаа со по казна од два натпревари.

Савиќ и Торес беа исклучени во 92. минута откако влегоа во жесток дуел во неделното дерби. Црногорскиот стопер ќе ги пропушти натпревари на Атлетико с Алмерија на гости и Ваљадолид дома.

Торес на Чави нема да му биде на располагање за натпреварите со Гетафе дома и Гирона на гости.

Во извештајот од натпреварот судијата навел дека Савиќ го фатил Торес за врат, а Шпанецот возвратил со кубење за коса. Барселона ќе потсетиме славеше во дербиото со 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија остана без селектор, Куман си замина!

Роналд Куман ја поднесе својата оставка како селектор на холандската репрезентација откако…