Дома Трансфер зона Бонучи експресно одбил понуда по втор пат да го напушти Јувентус

Бонучи експресно одбил понуда по втор пат да го напушти Јувентус

Според она што го пишуваат италијанските медиуми, Леонардо Бонучи добил понуда по втор пат да го напушти Јувентус.

Италијанскиот експрет за трансфери Џанлука Ди Марцио oбјави дека Бонучи добил повик од Манчестер Сити. Пеп Гвардиола е во потрага по стопер кој би требало да биде партнер на Нејтан Аке.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Бонучи претходно веќе еднаш си замина од Јувентус кога премина во Милан од каде што се врати само после една сезона. Овој пат тој веднаш ја одбил можноста да ја промени средината.

Поради таквиот став Сити не ни влегол во преговори со Јувентус. Сега во Сити би можеле да се насочат кон Калид Кулибали од редовите на Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус се засилува од Милан

Италијанските медиуми пишуваат дека Лука Јовиќ во јануарскиот преоден рок ќе го напушти Ми…