Дома Топ вести „Бомба“ од Шпанија: Манчестер Јунајтед договорил „кралско“ засилување

„Бомба“ од Шпанија: Манчестер Јунајтед договорил „кралско“ засилување

0

Со пристигнувањето на Зинедин Зидан во Реал Мадрид јасно е дека на лето ќе му биде отворена излезната врата на Герет Бејл.

Како што тврди шпанскиот новинар Едуардо Инда, Бејл кариерата ќе ја продолжи во редовите на англискиот гигант, Манчестер Јунајтед со кого веќе наводно ја договорил соработката.

Споменатиот новинар пренесува дека управата на „црвените ѓаволи“ разговарала со велшкиот репрезентативец претходните денови и дека на крајот тој се согласил да се пресели во редовите на тимот од „Олд Трафорд“.

Целиот договор наскоро би требало да биде официјализиран, а Реал за услугите на 29-годишниот фудбалер ќе добие 104 милиони фунти, што секако е добра сума со огелд на формата во која се наоѓа Герет Бејл. Велшанецот во изминативе шест години често беше надвор од терените поради повреда. Сепак, успеа и покрај тоа да учествува во освојувањето на многу трофеи и неговиот престој на „Сантијаго Бернабеу“ беше многу успешен.


Следете го Sportski.mk и на


Со „кралевите“ Бејл освои четири титули во Лигата на Шампионите, Ла Лига, Куп на Кралевите и три трофеи УЕФА Супер Куп. Бејл во Реал пристигна од Тотенхем 2013-та година за 100 милион евра.

Во изминативе шест години за жал беше многу пати повреден и никако не можеше да покаже што знае. Овој одличен фудбалер настапи вкупно во 223 натпревари за Реал Мадрид и постигна 101 гол.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Видео: Во соблекувалната грми „Македонија, Македонија“

Вечерва Македонија и Словенија одиграа 1:1 во рамките на квалификациите за ЕП 2020. Ова за…